Денес сончево од утре попладне нестабилно

Во Македонија денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, и со умерен јужен ветер. Максималните дневни температури ќе достигнат во Скопје 25 Целзиусови степени, Маврово 18, Охрид 21, Битола 25, Кавадарци 26, Крива Паланка 23, Берово 21, Дојран 28 степени.
Од утре попладне, особено на северот од земјата ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Долж Повардарието и на исток ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.
Дневните температури ќе бидат во Скопје 26, Маврово 18, Охрид 23, Битола 25, Кавадарци 28, Крива Паланка 25, Берово 22, Дојран 29.
Од понеделник повторно ќе имаме променливо облачно време со локална појава на нестабилност со пороен дожд, краткотрајно засилување на ветерот, грмежи и ќе има услови за појава на град. Дневните температури ќе се движат од 20 до 28 степени.

Loading...