Денес сончево, промена на времето од недела попладне

Loading...

Времето денеска ќе биде умерено облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од 2 до 27 степени.
Во Скопје сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Температурата ќе биде од 8 до 25 степени.
Според УХМР, следните денови ќе преовладува променливо облачно и претежно стабилно време со температури околу просекот за овој период од годината. Во недела попладне и во понеделник е можна појава на краткотраен дожд, особено во западните и југозападните делови од земјава.

 

loading...