Денес сончево со умерена облачност и северен ветер

Во земјава времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Попладне претежно во западните делови ќе има изолирана појава на пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен на места засилен северен ветер. Максималната температурата ќе се движи од 25 до 33 степени, а во Скопје ќе достигне 29 степени Целзиусови.
Од УХМР велат дека во наредните денови времето ќе биде стабилно и суво. До недела ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Дневните температури ќе бидат без значителна промена.

Loading...