Денес сончево со умерена облачност и умерен северен ветер

Loading...

Денес во земјава времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер, кој долж Повардарието краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе се движи од 10 до 20, а максималната од 26 до 34 степени Целзиусови. УВ-индексот ќе достигне вредност 8.
И во Скопје и околината сончево со мала до умерена облачност, и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 31 степен.
УХМР соопшти дека следува период на претежно сончево време со постепен пораст на температурата. Повисоки дневни температури ќе има од средината на работната недела кога и облачноста краткотрајно ќе се зголемува, а особено топло ќе биде на југоистокот.

loading...