Денес сончево со умерена облачност, од утре следи промена

Loading...

Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.Утринската температура ќе се движи од четири до 12, а дневната од 15 до 25 степени.
Во Скопје, сончево со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринската температура ќе се спушти до девет, а дневната ќе се искачи до 20 степени.
Во текот на следната седмица ќе преовладува променливо облачно време, во првите два дена посвежо, а потоа со пораст на температурата. Врнежи од дожд се очекуваат во понеделник попладне, претежно во јужните делови од земјава.

loading...
Loading...