Денес теретаните, од понеделник кафаните, потоа и трговските – што сè и кога се отвора во Србија

Loading...

Србија досега има евидентирано 8497 заразени лица со коронавирус, 168 починати и 1260 излечени граѓани.
Во изминатите 24 часа, тестирани се 5446 лица, од кои бројот на позитивни на вирусот изнесува 222 лица, што за прв пат преставува пад под 5 отсто, со што вкупно во Србија има 8497 потврдени случаи на Ковид 19, изјави на владината прес конференција членот на кризниот штаб докторката Дарија Кисиќ.
Вкупниот број тестирни лица заклучно со денес во Србија изнесува 73.363 лица, а досега се излечени 1260 пациенти.
Во Ковид болниците и привремените центри хоспитализирани се 2517 пациенти, од кои со влошена клиничка слика се 79 лица кои се ставени на респиратор.
Од вирусот во изминатите 24 часа починати се 6 лица, 3 мажи и 3 жени, со што вкупниот број на починати се искачи на 168 лица, со процент на смртност од 1,98 отсто.
Доколку се гледа вкупниот број на случаи со коронавирус и бројот на жители, процентот на заразени во однос на сите жители во Србија изнесува 0,12 отсто, изјави Кисиќ.
Речиси сите градови во Србија се нападнати со вирусот, од кои најголем број на заразени се регистрирани во Белград-2122 лица или 27,3 отсто од вкупниот број на заразени во Србија, потоа следи Ниш со 1189 заразени лица или 15,3 отсто, по што следат Чуприја со 3 отосто, Лесковац со 2,7%, Крушевац, Ваљево, Алексинац, изјави Кисиќ.


На прес-конференцијат епидемиологот Бранислав Тиодоровиќ согласно единствениот став за движењето на епидемијата ги презентираше најновите мерки на Кризниот штаб за ублажување на мерките во борбата со Ковид 19.
Од денес, се отвараат парковите и шеталиштата, од денес се дозволува одржување на спортските тренинзи, од 4 мај започнува јавниот превоз во Нови Сад и Крагуевац, а од 8 мај во Белград и Ниш, изјави Тиодоровиќ.
Од 4 мај ќе се воспостави и меѓуградскиот железнички и патен сообраќај.
Рестораните и кафенаите на отворено и затворен простор ќе се отварат на 4 мај, со задолжително користење на дистанца на гостите и други заштитни мерки.
Трговските центри ќе започнат со работа од 8 мај. Градинките започнуваат со работа на 11 мај за оние деца кои немаат кој да ги чува. Од 18 мај, повторно ќе биде овозможен и воздушниот сообраќај со сите безбедоносни мерки.
Министерот за образование, Младен Шарчевиќ, изјави денеска за ТВ Прва дека наставата во основните и средните училишта во Србија ќе заврши на 31 мај, а предавањата на факултетите ќе завршат околу 15 мај, а на 25 мај наставата за матурантите.
Во Србија од денес на сила е забрана за движење од 18 часот до 5 часот наутро, а српската влада соопшти дека забраната за движење за првомајските празници ќе трае од четврток, 30 април од 18 часот до понеделник, 4 мај до 5 часот.

loading...