Деновиве претежно стабилно време со постепен пораст на температурата

Денес во државава времето ќе биде умерено облачно со ветер од југоисточен правец. Зголемена облачност ќе има во утринските часови, а веќе попладне облачноста ќе се намалува. Утринската температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а дневната ќе се искачи до 23-тиот степен Целзиусов.
И во Скопје и околината слично време со минимална температура до 8 и дневна до 23 степени.
За следните денови синоптичарите најавуваат претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура. Утринските температури и понатаму ќе се задржат за неколку степени над нулата.

Loading...