Депардје поканет да се приклучи кон Руската комунистичка партија

Loading...

Комунистичката партија на Русија го покани Жерар Депардје да се приклучи кон нивните редови откако францускиот актер доби руски пасош.
„На  Депардје му беше испратено официјално писмо,со кое  му нудиме членство во Комунистичката партија на Руската Федерација“, изјавил шефот на партискиот комитет во Москва, Валери Рашкин, изјавила државната новинската агенција РИА Новости.
Како поседувач на руски пасош, 64 годишниот актер, сега можае да се приклучи на најголемата опозициска партија, која сеуште проповеда принципи на марксизмот и ленинизмот.
Претседателот Владимир Путин му додели пасош на актерот овој месец, откако актерот ја објави својата намера да стане даночен егзил на Русија во знак на протест на 75 процентната даночна стапка планирана од страна на француската влада.
Во писмо до руските медиуми,  Депардје го изрази својот восхит за Путин и ја пофали Руската „голема демократија.“
„Татко ми беше комунист, слушаше радио Москва, тоа е мојата култура“, изјавил тој.
Рашкин  изјавил „ мислам дека тој има голема почит за неговиот татко кој бил член на партијата“.
„Сега ќе ја чекаме неговата одлука.“Комунистичката партија на Русија го покани Жерар Депардје да се приклучи к

loading...
Loading...