Депортиво остана без тренер

Loading...

Португалецот, Домингош Пасијенса, повеќе не е тренер на Депортиво Ла Коруња, откако поради лошите резултати раководството реши да му врачи отказ.
Пасијенса на клупата на екипата од Галиција се задржа само шест натпревари, а отказот е последица на поразот од Гранада со 3:0. Португалецот имаше ветувачки старт на клупата на Депортиво – победа против Малага и реми со Реал Сосиедад – но потоа екипата нареди четири порази, по што тој мораше да замине. Клубот најави дека името на новиот тренер ќе биде познато најдоцна до вторник, дотогаш тренинзите ќе ги води физиотарапевтот, Хозе Анхел Франганиљо. Пасијенса на клупата на Депортиво го наследи Хозе Луис Отра кој пред еден месец доби отказ. По 23 одиграни натпревари во Примера, Депортиво се наоѓа на последното место на табелата со само 16 освоени бодови.
МакфаксПортугалецот, Домингош Пасијенса, повеќе не е тренер на Депортиво Ла Коруња, откако поради лошите резултати раководството реши да му врачи отказ.

loading...