ДЕСЕРТИ „Cheesecake“ по овој рецепт ќе посакате да го направите уште денес…

Loading...

Cheesecake е колач кој речеиси секој го обожава. Дури и оние луѓе кои немаат многу искуство во кујната често решаваат да го прават овој колач. Овој рецепт на Чизкеј е дело на автралијанската готвачка Стефани Александер. Стефани и во 79-та година обожава да готви , а нејзиниот рецепт за овој омилен десерт ширум светот преку ноќ стана вистински бум. Рецептот е шеруван и лајкуван низ целата планета, а полека стигна и до нас.
Cheesecake
Cheesecake кој вашето семејство ќе го обожава
Тајната на овој неверојатен чизкеј е во тоа што состојките се подготвуваат загреани на собан температура. Уште едне важен трик е што чизкејкот не се пече класично во рерна туку во сад со вода. Поради тоа на него после печењето нема пукнатини.
Кремастиот дел да нема грутки Стефани нагласува пред подготовката треба барем десет до дваесет минути јајцата и крем сирењето да ги извадите од фрижидер. Важно е состојките да не ги мешате пресилно, ниту пак предолго, бидејќи чиз кејкот при печењето нема убаво да нарасне туку едноставно ќе “потоне“.

Состојки за Чизкеј:
100 g растопен маргарин
300 g дробени бисквити
500 g крем-сирење, на собна температура
200 g шеќер во прав
1 лажичка пченкарно брашно
3 јајца
2 лажички лимунов сок
неколку капки чиста ванила или екстракт од ванила
прстофат сол
2 шолји кисела павлака за готвење
Cheesecake – Подготовка:
Рерната вклучете ја на 180°C и лесно загревајте ја. Дното и страните на калапот со димензии 22 x 6 сантиметри премачкајте ги со маргариот. Исечете хартија за печење така да едниот дел да го прекрие дното на калапот, а другиот страните. Хартијата премачкајте ја со масло за готвење.
Издробените бисквите ставете ги во калапот и во него лесно измешајте го растопениот маргарин. Добиената смеса втиснете ја на дното на калапот, користејќи чаша или нешто слично. Изматете го крем – сирењето со електричен миксер да добиете глатка смеса. Водите сметка да не матите премногу за да не биде смесата премногу мека после печењето. Потоа ставете го пченкарното брашно, па додадете ги јајцата, едно по едно, мешајќи секојпат кога додавате за да добиете глатка смеса. Сипете го сокот од лимонот, ванилата и солтта. Измешајте ја и киселата павлака додека не се соедини со сите состојки.
Смесата ставете ја во калап кој ќе го поставите во поголем сад за печење. Во него ставете врела вода во висина до половина од садот. Печете 50 минути, а потоа исклучете ја рерната ама вратичката не ја отварајте наредниот час. Овој чекотр е многу важен и Стефани особено го нагласува.
После еден час извадете го калапот од вода и колачот во потполност изладете го пред сервирање на решетката во вашиот фрижидер.

loading...