Десерт во чаша – чоколаден пудинг со сладок бриош леб и рум

Чоколадниот пудинг кој вклучува сладок леб во рецептот често пати се наоѓа во менито на многу држави, особено во Британија и САД.
Овој пат имаме рецепт кој е лесен за следење, а резултатот е неверојатен, дури повкусен од торта.
Доколку сте расположени за испробување на нови слатки десерти, тогаш мора да го пробате пудингот со чоколадо, бриош леб и рум, совршен за ладните денови кои следуваат:
Потребни состојки:
600 ml слатка павлака за готвење
250 ml млеко
1/2 кесичка цимет
1 лажичка екстракт од ванила
150 gr сечкано млечно чоколадо
100 gr сечкано темно чоколадо
75 gr шеќер
4 жолчки
2 лажици темен рум
400 gr леб бриош, исечкан на покрупни парчиња
150 ml кисела павлака
1 лажица шеќер во прав


Начин на подготовка:
1. Помешајте 500 ml од слатката павлака со млекото, циметот и ванилата во подлабок сад на средна температура додека не започне да врие. Во друг сад, помешајте ги двата типа на чоколадо (млечно и темно) и врз нив истурете го кремот од слатката павлака додека е уште врел за да ги соедините двете смеси.
2. Во трет сад изматете ги жолчките со шеќерот додека смесата не добие бледа боја. Во нив додадете ја подготвената чоколадна смеса, добро измешајте, а на крајот додадете рум.
3. Исечканиот бриош ставете го во подлабока чинија, а врз него истурете ја чоколадната смеса, на собна температура околу 30 минути. Повремено притискајте го лебот, со цел побрзо да ја апсорбира течноста.


4. Загрејте ја рерната на 180 °C. Подмачкајте 8 огноотпорни шолји или мали садови по избор и наполнете ги со натопениот бриош. Додадете вода во тавчето за печење, чие ниво треба да дојде некаде до половина на садовите и печете околу 25 минути.
5. Преостанатите 100 ml од слатката павлака измешајте ги со 150 ml кисела павлака и додадете го шеќерот во прав додека не добиете изедначена смеса. Прелијте го подготвениот пудинг од бриош и по желба декорирајте со рендано чоколадо, цимет или уште малку шеќер во прав.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.