Десерт на денот: Домашен овошен сладолед

Loading...

Ова е рецепт за најбрзиот сладолед што може да го направите во домашни услови.
Потребни состојки:
-еден шлаг крем од ванила
-100 мл млеко
-200 г кисело млеко
-шеќер по желба
-200 г јагоди или овошје по желба
Подготовка:


Изматете ја шлаг кремата, па додадете ги киселото млеко, шеќерот и овошјето, сè убаво да се измеша.
Ставете ја смесата во сад за замрзнување и замрзнете.
Ако подготвувате сладолед од чоколадо, користете шлаг од чоколадо. Послужете со јаткасти плодови по избор.

loading...