Десерт на денот: Домашни еклери

Loading...

Потребни состојки:
Тесто
120 мл масло
220 мл вода
150-170 г брашно
4 јајца
Фил
3 пудинзи
1-2 пакувања шлаг крем


Начин на подготовка:
Најпрво сварете 3 пудинзи во 700 мл млеко и шеќер околу 100-150 г. Откако ќе се излади додадете 1-2 ќесички изматен шлаг крем.
За тестото зовријте ги водата и маслото, па додадете го брашното и постојано мешајте со дрвена лажица или шпатула. Оставете го тестото целосно да се излади, па постепено матете со миксер и додавајте едно по едно јајце. Треба да добиете густа смеса. Смесата префрлете ја во шприц или кеса за замрзнувач. Засечете на крајот и ставајте од смесата во форми по желба на плех со хартија за печење. Печете ги на 180-200 С околу 20-25 мин без отварање на рерната. Кога ќе се изладат наполнете ги со филот и по желба ставете им чоколадо од горе.

loading...