Десерт на нашето детство: Кремаст, млечен и божествен сутлијаш

Loading...

Денеска ви претставуваме рецепт за брз десерт кој ќе ве врати во детските денови.
Сутлијашот треба да се вари на тивок оган и повремено да се проверува дали се впило млекото.
Во млекото можете да додадете стапче ванила, цимет, рум, кафе па дури и стопено чоколадо, а дополнително можете да додадете и суво овошје, оревчиња, џем, овошни преливи… изборот е огромен.
Потребни состојки:
– 100 гр. ориз
– 750 мл. млеко
– 4 лажици шеќер
– прстофат сол


Начин на припрема:
1. Варете го оризот во вода три минути, а потоа истурете ја водата.
2. Во млекото додајте прстофат сол, ставете го да зоврие, а потоа додајте го оризот.
3. Варете на тивок оган додека оризот не го впие млекото и немојте да мешате.
4. Во варениот ориз додајте шеќер и внимателно промешајте со вилушка за да ги зачувате зрната цели.

loading...