Десет загинати при пад на авион во Тексас

Loading...

Десет луѓе ги загубија животите во авионска несреќа во близина на Далас, во Американската сојузна држава, Тексас. Според американски медиуми авионот се урнал врз хангар, непосредно по полетувањето од местото Адисон. Меѓу загинатите се осум патници и двајца членови на екипажот. Трагедијата се случила во 21 часот по локално време, кога двомоторното летало од се уште непознати причини се урнало и се запалило. Во хангарот се наоѓале авион и хеликоптер, кои биле уништени.

 

loading...