Десет лица загинаа во поплавите во Италија

Во поплавите што погодија неколку градови во централниот дел на Италија, 10 лица загинаа, а најмалку четири се водат како исчезнати, соопштија властите.

Десет лица загинаа во поплавите во Италија

Десетици луѓе мораа да бараат засолниште на покривите или на дрвјата и да чекаат да бидат спасени поради поплавите предизвикани од обилните дождови.

Поројните води ги поплавија гаражите и подрумите и ги урнаа вратите, автомобилите беа носени и фрлани еден врз друг, а некои ниви во близина на морето беа неколку метри под вода.

„Тоа не беше водена бомба, тоа беше цунами“, рече градоначалникот на Барбара Рикардо Пасквалини за синоќешниот ненадеен дожд што го уништи неговиот град во централниот италијански регион Марке, во близина на Јадранското Море.

Околу 1.300 жители на градот останаа без вода за пиење поради поплавите.

Премиерот Марио Драги на прес-конференција во Рим изјави дека во поројните поплави загинале 10 лица, а четворица се водат како исчезнати. Тој им се заблагодари на спасувачите за нивната професионалност, посветеност и храброст, пренесува Бета.

Официјални лица рекоа дека околу 50 лица побарале третман во болниците поради повреди.

Драги, кој е вршител на должноста премиер пред изборите на 25 септември, планирал да посети некои од погодените области, а владата најавила пет милиони евра финансиска помош за регионот.

За неколку часа, областа ја доби количината на дожд што вообичаено ја добива за шест месеци, објави државната телевизија. Поради летото, во кое речиси немаше дожд, почвата на падините на планините беше невообичаено тврда и сува, така што водата побрзо течеше по падините и го зголемуваше ударот.

Пожарникарите известија дека се спасени десетици луѓе заробени во возила или кои се качувале на покриви или дрвја за да избегаат од поројната вода.

Седум лица од оддалечените места во планините Апенини се спасени со хеликоптер.

Стотици пожарникари денеска работеа на отстранување на паднатите дрвја и гранки во густата кал, барајќи евентуални жртви. Тие шетаа низ вода до половината по поплавените улици, а некои веслаа со гумени чамци за да ги земат преживеаните.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.