Детали за грабежот во НЛБ банка, едно лице e повредно

Утрово вооружени лица извршиле разбојништво во „НЛБ банка“ на улица „Ферид Бајрам“ во скопски Чаир. Одземената сума пари засега е непозната.
Во МВР настанот е пријавен во 10.30 часот и како што појаснуваат при разбојништвото имало пукање од огнено оружје, но нема повредени. Од страна на разбојниците физички е повреден Е.Е. 26 години, вработен како обезбедување во банката.
Полициски службеници веднаш по пријавувањето на разбојништвото стигнале на местото на настанот и во тек е истрага за расчистување на случајот.

 

Loading...