Детали од Прилеп: Три лица се мртви, убиецот на Фејсбук „најавил“ дека нешто ќе прави!

Три лица се мртви, меѓу кои и малолетно дете. Убиецот, кој е вујко на убиениот возрасен човек се самоубил по настанот, а дека планира да направи нешто објавил и на Фејсбук.

Ова се информациите кои Инфомакс ги дознава од местото на настанот во Прилеп, а од Министерството за внатрешни работи се уште немаме официјална потврда.

Настанот започнал околу 15 часот, а припадници на специјалните единици пристигнале на местото на настанот околу полноќ. Полицијата пробала да влезе во просторот каде се држени заложниците, но напаѓачот бил тешко наоружан, пукал кон полицијата и држел бомба.

Со дополнителни детали се вклучуваме за кратко од Прилеп.

Пронајдете не на следниве мрежи: