Детална листа на сите работи кои ви требаат за 14-дневен карантин

Loading...

Во случај да треба да останете дома цели 14 дена, ова се работите кои ќе ви бидат неопходни за храна и лична хигиена, за просечно 3-4 члено семејство.
Не купувајте работи кои само ќе ви го испразнат џебот, а нема да ви бидат од корист.
Основни намнирници:
5kg брашно
1-2kg шеќер
500g сол
500g кафе
20-30 јајца
2kg месо
1kg ориз
3-6l долготрајно млеко
1kg грав
2kg кромид
3l масло
3kg компир


3 пакетчиња тестенини
2kg овошје кое подолго може да стои свежо
Лебови кои може да стојат на подолг рок
Работи кои треба да ги купувате во разумни количини:
3-4 конзерви туна
3 парчиња паштета
1 kg смрзнато овошје
2 пакетчиња сирење
1 тегла мед
1kg палента
2kg смрзната риба
1 кутија маргарин или путер
Потребни работи за домаќинство:
Тоалетна хартија, 1-2 пакетчиња
Средство за дезинфекција, 2l
Паста за заби, 1 туба
Прашак за перење, 3-5kg
Течен сапун, 1l
Гел за туширање, 1l
Шампон, 1l
Влажни марамчиња, 1-2 пакетчиња
Течност за миење садови, 1l
Работи кои треба да ги имате во домашната аптека:
Медицински алкохол и хидроген
Исправен топломер
Лек за спуштање температура
Спреј за нос
Сируп против кашлица
Фластер, газа, завој
Ако имате бебе, задолжително набавете:
Пелени
Кашички, храна и адаптирано млеко
Дополнителни 3-4 пакетчиња влажни марамчиња
Флаширана вода, 1 пакет
Пробиотици за детето

loading...