Дете поминало 1000 километри возејќи мерцедес

Loading...

Тринаесетгодишно дете од Рим избегало од своите родители што го посвоиле и патувалo со автомобил 1000 километри низ Европа за да пристигне до родната земја Полска, но патувањето завршило во Германија каде го фатила полицијата.
Детето, кое е голем љубител на картинг, успеало да избегне плаќање на патарини на автопатите и два гранични премини во текот на дводневното патување од северна Италија преку Австрија и Германија, возејќи мерцедес.
“ Изгледа како шеснаесетгодишен дечко, ама сепак…Успеал да го наполни автомобилот со бензин и да помине две граници. Тоа е неверојатно” ,  изјавила Елеонора Спадат, началничка на полицијата во Монтбелун, на северот од Италија, од каде што детето тргнало на пат.
На детето му недостигала неговата биолошка сестра која живеела во Полска, изјавила Спадат. Пред да отпатува во четвртокот со само 200 евра во џеп, тој се скарал со родителите кои му го одземале телефонот поради надминатиот лимит. Родителите набрзо сфатиле дека детето би можело да тргне за Полска и ја известиле италијанската полиција. Го пронашла германската полиција на 200 километри од Полската граница. 
Спадат изјавила дека неа и се јавил полскиот конзулат во Италија распрашувајќи се за детето и за социјалната служба што ќе разговара со семејството по неговото враќање во Италија наредната недела.
 

loading...
Loading...