Детската болница во Козле го прими првиот возрасен пациент, двете деца ќе одат на домашно лекување

Loading...

Покрај двете дечиња од семејството кое се вратило од Германија, Детската болница во Козле денеска го прими и првиот возрасен пациент заразен со ковид-19.
„Денеска го примивме првиот возрасен пациент. Се работи за 61-годишен маж, кој кај нас беше испратен од Аџибадем Систина. Нему во таа клиника му било направено серолошко тестирање, кое покажало дека е позитивен на вирусот. Но, бидејќи тие тестови не се препорачуваат за идентификација на заразата, утре ќе му направиме ПЦР-тест, за да утврдиме со сигурност дали пациентот е инфициран или не“.
Тие биле испратени од граничниот премин Табановце, а тестови им биле направени во Ниш. Нивните родители, пак, се негативни.


„Станува збор за две деца, едното на четири и пол годишна возраст, а другото двегодишно. Тие се асимптоматични случаи. Немаат температура, немаат никакви симптоми. Ќе им направиме уште еден тест, па ќе ги пуштиме на домашно лекување“,
вели д-р Андоновски.
Во овој Институт досега биле направени 350 тестови на деца и биле откриени шест случаи на позитивни на коронавирусот. Шесте деца биле со лесна клиничка слика и сите се во одлична здравствена состојба. Д-р Андоновски вели дека децата лесно го минуваат вирусот, кој може да биде опасен само ако детето има некое заболување, како на пример астма, ХОББ, тешка анемија и друго.
„Досега во цела држава се откриени 200 деца позитивни на коронавирусот, на возраст од 0 до 19 години“,
вели д-р Андоновски.
Детската болница во Козле од денеска е ковид-центар и располага со 60 легла за возрасни и 15 за деца. Во него ќе бидат сместени возрасни пациенти со полесна или средна клиничка слика. Институтот располага со кислородна линија, но нема респиратор, кој е потребен за потешките случаи.
Д-р Андоновски вели дека се подготвени уште пред четири месеци да одговорат на потребите за третман на пациенти заразени од коронавирусот, а медицинскиот тим се зајакнува со дополнителен персонал од лекари, осум интернисти и двајца професори од Инфективната клиника.

loading...