Дефиниција за совршен есенски стајлинг: Учете од Аманда Холден

Loading...

Британската аткерка Аманда Холден во последните месеци воодушевува со модните избори и сè повеќе се искачува на листата на најдобро облечени жени на светот.
Уште еден доказ за тоа е и нејзиното последно јавно појавување, кога папараците ја фотографирале на улиците на Лондон во совршено есенска модна комбинација.


Вистинските есенски бои и топлите удобни материјали се главните фаворити на овој стајлинг, но се истакнуваат и неколку модни класици кои можат да се носат во секоја прилика.
Аманда носела удобна тренирка во кафеава нијанса и сива ролка со детали во истата боја, со кои искомбинирала браон капут и голема, класична кожна чанта во темнокафеава нијанса.


Стајлингот го заокружила со ултрапопуларните бели чизмички со ниска потпетица и очила за сонце.
Како ви се допаѓа модниот избор на Британката?

loading...