Децата заслужуваат повеќе

Loading...

Неформалната активистичка група “Штип Aрт Aктивизам” спроведе уште една акција,  овој пат како подарок на сите деца посебно на децата кои се соочуваат со потешкотии во равој. Акцијата е на тема  “Децата заслужуваат повеќе“. Инсталацијата “Децата заслужуваат повеќе“ ќе има едукативен, а воедно и забавен карактер за децата да можат да научат повеќе за животните. Но најмногу ќе има за задача да им покаже на граѓаните, носителите на одлуки и локалните власти дека постои недостаток на вакви игралишта и зелени површини и дека децата заслужуваат повеќе внимание со поубави простори за релаксација и едукација, особено на најранливите дечиња.

Инсталацијата се состои од четири животни изработени по калап од цемент и обоени во оригинални бои – жирафа, желка, нилски коњ и мече. На сите животни освен објаснување на македонски и англиски ќе има и објаснување со брајова азбука за да можат децата со проблеми со видот да научат нешто за животните. За изработка на животните беа ангажирани професионалци и уметници кои ја доловија оригиналната форма на животните.

За спроведувањето на активностите се правени претходни истражувања и се контактирани  дефектолози, уметници, активисти, претставници на здружението “Сплотени срца “ од Штип, здружение на родители на деца кои се соочуваат со потешкотии во развојот. Особен придонес за спроведување и создавање на оваа инсталација има претседателот на здружението “Сплотени срца” , Зоран Мијалков. Тој даде значаен поглед на специфичните потреби на децата и на тоа како може да се задоволат потребите за безбедност, но и за забава.

Воедно, упатуваме благодарност до Општина Штип што ни ја одобри локацијата за оваа инсталација, паркот спроти зграда „Пролече“, која беше најсоодветна поради зелената површина и можноста овие дечиња да бидат безбедни, анимирани, релаксирани.

Се надеваме дека најмалите граѓани на Штип ќе уживаат  играјќи си со фигурите, но исто така АПЕЛИРАМЕ до сите граѓани да ги зачуваме зелените површини и детските игралишта, да се однесуваме одговорно и да допринесеме за поубав Штип.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...