Децата кои растат со баба и дедо се посреќни, поумни и пообразовани

Љубовта, грижата и поддршката на бабите и дедовците имаат благотворно влијание на внуците. За тоа сведочат бројни научни истражувања.

Се намалува ризикот од депресија

Емоционалната блискост на бабите и дедовците со внуците го намалува ризикот од депресија кај децата. Во студијата објавена во списанието „Gerontolog“, учествувале 356 внуци и 374 баби и дедовци. И кога научниците од Бостонскиот колеџ ги анализирале податоците кои ги собирале 19 години, се покажало дека опасноста од депресија се намалува и кај постарите и кај помладите генерации.

Се зголемува чувството на стабилност и безбедност

Бабите и дедовците им влеваат на внуците чувство на стабилност и емотивна безбедност. А во трауматични ситуации или во текот на семејните кавги, бабите и дедовците им се често поддршка на внуците.
Истражувањето на Оксфордскиот универзитет покажало дека блиската врска на внуците и постарите генерации им помагаат на децата да излезат на крај со трауматичните настани во животот, како што се малтретирање во училиште или развод на родителите.
Истражувањето кое го водела професорката Ен Бјукенен опфатило повеќе од 1500 деца и покажало дека оние кои биле во блиски односи со своите баби и дедовци имаат помалку емотивни тешкотии и проблеми во однесувањето. Покрај тоа, таквите деца имале поразвиено чувство на самосвесност, што им олеснувало да ги надминат тешкотиите.

Им се олеснува задачата на родителите

Родителите понекогаш немаат доволно време за игра и разговор со децата. Бабите и дедовците често ги заменуваат родителите, посебно кога им е потребна игра и забава. Освен тоа, тие поретко ги караат децата, такашто внуците се подготвени да им ги откриваат своите тајни.
Сето ова ја подобрува општата емотивна атмосфера во семејството, затоа што и родителите се поспокојни, знаејќи дека се децата добри додека нив ги нема.

Loading...