ДЗС: Граѓаните да се вклучат доброволно на местата каде што има пожари

Loading...

Граѓаните да се вклучат доброволно во пожарот, апелира Дирекцијата за заштита и спасување:
По избувнувањето на повеќе пожари низ источниот и југоисточниот дел на Македонија, Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) одржа итен состанок со цел мобилизација на тимовите за заштита и спасување од пожари, како и вработените на ДЗС и ПОЗС.


Директорот на Дирекцијата Беким Максути издал наредба за мобилизација на тимовите за пожари, Валандово, Виница, Берово, Битола, Гостивар, Куманово и скопскиот тим Карпош.
Предложено да се вклучат и доброволните противпожарни друштва.
Вработени од ДЗС по координацијата се упатени кон загрозените подрачја, како што се Старо Нагоричане, село Бели, Кочани и село Новаци, Битола, заради процена, координација и помош на загрозените подрачја, наведува ДЗС.
„Апелираме до сите граѓани да се вклучат доброволно на местата каде што е неопходно и директно да ја известат ДЗС за пожари на целата територија на државата. Само заедно можеме да се справуваме најсилно со ова зло“, стои во објавата на фејсбук-страницата на ДЗС.

loading...
Loading...