Диета со јагоди, вкусна и ефикасна

Loading...

Диетата со јагоди може да ги воодушеви сите љубители на ова нискокалорично овошје. Доколку строго се придржувате, за една седмица може да симнете два до три килограми.
Во 100 г јагоди има само 30-на калории, па затоа во оваа диета јагодите се вклучени во секој оброк. Диетата гарантира доволно енергија во текот на денот и едноставна загуба на килограмите.
Се препорачува денот да се започне со 300 г јагоди за појадок, и исто толку за десерт по ручекот. И во меѓуоброкот има чинија јагоди, а за вечера се препорачува 500 г јагоди и јогурт со ниска масленост пред спиење.
Освен јагоди од овошје е дозволено и половина банана на ден.
Како изгледа дневното мени на оваа диета?

Појадок – кафе или чај со половина лажичка кафен шеќер (или вештачки засладувач), 350 г јагоди и 50 г посно сирење.

Меѓуоброк – мал сендвич кој вклучува интегрално парче леб, посно сирење и парче пилешко.

Ручек – бистра супа од зеленчук, салата од зеленчук со лимонов сок и 1 лажичка маслиново масло, 350 г јагоди и чаша бело вино.

Меѓуоброк – 350 г јагоди со лажичка кафен шеќер.

Вечера – 500 г јагоди, тофу-сирење и чаша немасен јогурт.

loading...