Дизелот поевтинува за 3, а бензинот за 2,5 денари за литар

Loading...

Регулаторна комисија за енергетика ги објави, веќе најавените, новите цени на горивата. Малопродажните цени на нафтените деривати согласно методологијата за формирање на цените од полноќ се намалуваат во просек за 5,51 проценти.
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС – 95 и ЕУРОСУПЕР БС – 98 се намалуваат за 2,50 ден/лит, во однос на цените утврдени со Одлуката од 24.12.2018 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 изнесува 58,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС – 98 изнесува 60,50 ден/лит.
Малопродажните цени на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 3 ден/лит и изнесуваат 55,00 ден/лит, на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1)  43,50 ден/литар, а на мазутот М-1 НС 25,949 ден/кг.

loading...