ДИК ги отфрли сите приговори, изборите се РЕГУЛАРНИ

Loading...

ДИК ги отфрли сите приговори, изборите се РЕГУЛАРНИ

Државната изборна комисија (ДИК) на седница одржана вечерва ги отфрли сите приговори поднесени од политичките партии во однос на гласањето и резултатите од предвремените парламентарни избори на 15 јули.

Дерковски изјави дека изборите се чисти и регуларни и нема зошто некој да се сомнева во нив. Инаку тој е партиско решение на Мицковски.

Вкупно 2.142 приговори од партиите за постапката за гласањето, за сумирањето и утврдувањето на резултатите од предвремените парламентарни избори 2020 се отфрлени вечерва.

Кондарко ги оцени приговорите на Левица како „наратив, есеи и фејсбук статуси.“ Тој појасни дека во нив немало никаков записник или конретна забелешка.

Се чини дека Левица со поднесувањето се обидела на ваков начин да ја продолжи кампањата. Отфрлени се и двата приговори на партијата на Мицковски.

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...