ДИК: Дерковски се обврзал да ги заврши подготовките за изборите за 22 дена

Loading...

ДИК: Дерковски се обврзал да ги заврши подготовките за изборите за 22 дена

Дерковски, шефот на ДИК, кој што е човек на Мицковски, во време на прогласувањето на „Вонредната состојба“ известил дека ДИК може да ги организира изборите и тоа веднаш по укинувањето на вонредната. Сметано од денот на прогласувањето на „вонредната“ тоа се 22 дена.

Уставниот суд на седницата денеска не поведе постапка за владината уредба со која поради пандемијата на КОВИД-19, Државната изборна комисија (ДИК) ги запре сите предизборни активности, со тоа ѝ го отвори патот на ДИК веднаш по вонредната состојба која треба да заврши на 16 мај, и ако нема нова, да ги дозаврши обврските и во рок од 22 дена да се одржат изборите.

Затоа не е јасно зошто сега Дерковски бара 50 дена, освен ако во позадина не се политички игри и калкулации, од луѓето со кои е поврзан и кои го поставија на ова „благопријатно столче“ кое носи многу бенефиции…

 

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...