ДИК поништи гласања на повеќе избирачки места заради вишок ливчиња во гласачките кутии

Loading...

Заради тоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од бројот на гласачи во избирачкото место Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места. Од шест приговори, гласањето е поништено на три избирачки места, две во Кавадарци и едно во Куманово, објави “А1“он. ДИК донесе одлука на овие маста да се разрешат избирачките одбори.
– Направени се обуки кои траеа цел месец, но очигледно не се почитуваат процедурите и не се работи професионално. Апелирам избирачките одбори повеќе да внимаваат, изјави членот на ДИК, Јанаќе Витановски.
Вината не е во целите избирачки одбори туку во поединци, но сепак ќе се бара одговорност и разрешување на целиот одбор кој бил на смена на денот на гласањето во посочените избирачки места, се согласија сите членови на Комисијата.
На денешната седница се разгледуваат 14 приговори, сите поднесени од изборниот штаб на Гордана Сиљановска Давкова.

 

loading...