Димитриев, Протуѓер, Димовски и Божиновски осомничени за перење пари во случајот „Талир“

Техничкиот премиер Емил Димитриев, Мартин Протуѓер и Кирил Божиновски како генерални секретари на ВМРО-ДПМНЕ се осомничени во новиот случај на Специјалното јавно обвинителство „Талир“ во кое првоосомничен е лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски дека перел пари преку партијата.
Помеѓу 11. осомничени лица е и пратеникот и поранешен директор на центарот за комуникации на партијата, Илија Димовски, кој на тоа место во партијата беше до 2015 година, кога директор на центарот стана Иво Котевски.
Никола Груевски освен во „Талир“ е осомничен и во предметот „Траекторија“, во кое освен него, осомничени за службената положба се вицепремиерот Владимир Пешевски и поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Според СЈО, осомничените во втората половина од 2012 година и во 2013 година го местеле тендерот за изградба на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.