Димитров: Ако не добиеме датум во октомври ќе се стави точка на ЕУ перспективата

Ако не добиеме датум до октомври, тоа ќе биде точка на нашата ЕУ перспектива, изјави денеска министерот за надворешни работи Никола Димитров на заедничката прес конференција со министерот за надворешни и европски работи на Република Словачка и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак кој е во посета на Скопје.
Димитров вели дека нашата земја сторила многу и дома и во поглед на решавање тешки прашања, во последните две години и дека ни претстои огромна шанса.
-Успехот на Северна Македонија ќе биде важен сигнал за целиот регион, дека европската врата е отворена, доколку такво нешто не се случи, тогаш тоа ќе биде точка на таа перспектива и мислам дека товарот во следните неколку месеци е на земјите членки, потенцираше Димитров.

 

 

 

Loading...