Димовски синдикалецот до Мицкоски: Oхрабри се и кажи им на твоите функционери да ги зголемат платите

Дарко Димовски остро кон Мицковски:

„Наместо да честиташ родендени и да кажуваш (лажеш) како си пријател на работниците и да и да кажуваш кој на кого е омилен, охрабри се и кажи им на твоите градоначалници, директори на јавни комунални претпријатија ( ако смееш) да ги зголемат платите на работниците за 2.806 денари во нето износ веднаш како што бараат ССМ и работниците…

…Да те потсетам дека 2 пати си повикан во домот на работниците во ССМ за да побараме од тебе како претседател на ВМРО – ДПМНЕ и да ти помогнеме ако не знаеш како да ги зголемиш платите онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ е на власт и да не увериш дека не си па ти омилениот претседател на партија која го штити само капиталот и интересот на газдите кои не гласаат на избори, а те потсетуваме дека гласаат работниците!…
Дарко Димовски му се обрати на Мицковски

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ), Дарко Димовски му одговори на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за кого вели дека наместо да се занимава со политика, трет пат го споменувал во медиуми.
„Наместо да честиташ родендени и да кажуваш (лажеш) како си пријател на работниците и да и да кажуваш кој на кого е омилен, охрабри се и кажи им на твоите градоначалници, директори на јавни комунални претпријатија ( ако смееш) да ги зголемат платите на работниците за 2.806 денари во нето износ веднаш како што бараат ССМ и работниците или како што предлагаш и се „бориш “ ти за 18,4% , за повеќе од 50.000 работници за кои директно како „лидер“ ти си надлежен, па од тука јасно ми е зошто нема да ме поддржуваш и да го поддржуваш ССМ кој те потсетувам брои 70.000 членови кои ги навредуваш, а дел од нив се и од партијата на која се нарекуваш лидер!Уште повеќе, со ова докажуваш дека ССМ е работниците кои сами се изборија за своите работнички права како: минимална плата зголемена за 2.806 денари или која изнесува 18.000 денари и која не смее да биде помала од 57% од просечната плата, за недела неработен ден за 92% од работниците, а за останатите 8 % кои ќе добијат додаток од најмалку 50 до 100% зголемена дневница, за тоа што спречивме да се отпуштаат работниците во време на пандемија кои добија финансиска поддршка за исплата на плата од 14.500 денари и за тоа што помогнавме на 80.000 работници во време на пандемија од Ковид 19!“, наведува Димовски.
Тој вели дека ништо не се прави само со декларативни изјави.
„За тоа претседателе, ти укажувам дека ова не е начин да покажеш дека си поразличен политичар, особено не со декларативни изјави дека поддржуваш декларативно зголемување на платите, а твоите политички поставени директори никаде не ги зголемиле истите и декларативно унапредуваш работнички права, а со предлог измени од твои пратеници во Собранието за недела да биде работен ден преку цела година за работниците во туристичките места ги уназадуваш работничките права. Ваквите напади спрема синдикатите и работниците се ехо на еден режим и се директно спротивни на Конвенциите на МОТ, па дали тоа значи директно мешање во работата на синдикатите за што како што велите Вие ќе мораме да ги информираме сите меѓународни организации и институции. Да те потсетам дека 2 пати си повикан во домот на работниците во ССМ за да побараме од тебе како претседател на ВМРО – ДПМНЕ и да ти помогнеме ако не знаеш како да ги зголемиш платите онаму каде што ВМРО-ДПМНЕ е на власт и да не увериш дека не си па ти омилениот претседател на партија која го штити само капиталот и интересот на газдите кои не гласаат на избори, а те потсетуваме дека гласаат работниците! Како лидер, зошто имаш потреба да ми се обраќаш само преку медиумите кога можеш уште во понеделник да излезеш од платата и да дојдеш во работничка куќа во ССМ на средба за нештата да бидат појасни за сите работници. Доста си играте синдикат, бидете сериозна политичка партија која вистински и со дела ги почитува работниците и ги унапредува работничките права“, вели Димовски.
Од 22 јуни генерален штрајк во јавниот сектор. Сојузот на синдикати на Македонија донесе одлука со која на Владата и остава рок од дваесетина дена да го исполни ветувањето кое го даде дека ќе обезбеди линеарно покачување на платите во износ од 2.806 денари.

Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.