Директорката Цаца Билјановска испратена на домашно лекување

Loading...

Директорката Цаца Билјановска испратена на домашно лекување

Маргарита Цаца Билјановска, екс директорката на Кожно е испишана од Клиниката за инфективни болести, потврди на прес конференција, министерот за здравство Венко Филипче.

Против неа се води истрага во обвинителството кое чека дополнителни информации од полицијата и здравство за тоа дали некого заразила. Филипче не кажа дали имала два последователни негативни тестови, за да биде пратена дома. И не кажа кога била пратена дома…

Досега се знае дека петмина се заразени медицински лица на клиниката со која таа раководеше, а која беше затворена три недели односно по откривањето на случајот. Нејзиниот случај стана ударна вест во јавноста кога се дозна дека покрај тоа што била на скијање во Италија која е високоризична земја не се самоизолирала по враќањето.

Повеќе на темава тука:

Директорката заболена од коронавирус уште пред една недела била пријавена од колеги на кои им се заканила со откази!

Во изолација е цела зграда во Капиштец каде што живее заболената докторка

Денеска актуелно и издвоено по избор на уредникот:

Повеќе информации и анкети можете да најдете на нашата Фејбук страница!!! клик на сликата 

СЛУШАЈТЕ СИ МУЗИКА ДОДЕКА ЧИТАТЕ ВЕСТИ: 

Радио станици на Пулс24

* * * * Следете не на Фејсбук. * * * * Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!!
loading...