Директорот на Дирекцијата за заштита на лични податоци си поднесе оставка

Горан Трајковски, директор на Дирекцијата за заштита на личните податоци и поранешен директор на УЈП си поднесе оставка на една ипол година пред истекот на мандатот. Се чини дека оставката доаѓа како реакција на сигналите кои Трајковски веќе ги добил од Владата.
Претходно, на владина седница не беше прифатен годишниот извешатај на институцијата со која раководеше и беше оценет како незадоволителен.
Трајковски оставката до Собранието ја доставил  во петокот со образложение дека си заминува од лични причини.

Loading...