ДИРЕКТОРОТ НА ЈП ПАЗАРИ ПОТРОШИЛ 7.000 ЕВРА ЗА ОДРЖУВАЊЕ ВОЗИЛО – ЗА 3 МЕСЕЦИ! – реагираат од Левица.
– Двајца директори од Вмро Дпмне и коалицијата веќе ги напуштија директорските столчиња без посебно образложение до советот на општина Битола и граѓаните.
Последниот директор, Илче Здравевски, под сомнителни околности за кое искажуваме сомневање за финансиски проневери, последен ја напушти директорската позиција.
Илче Здравески, за последното тромесечие од 01.07. до 30.09.2024 година за само три месеци, потрошил 435,225 илјади денари за услуги за одржување ( тековни и возила), додека во истото тромесечие во 2023 година биле потрошени само 11,096 денари.
Ова јавното претпријатие располага само со едно возило. Колку финансиски средства се потребни за едно тромесечие за одржување на едно возило?
Прашуваме каде отидоа 424,129 илјади денари за истите услуги за одржување додека претпријатието претрпува тешка загуба?
Илче Здравевски, за последното тромесечие од 01.07. до 30.09.2024 година за само три месеци потрошил 201,693 илјади денари за трошоци за спонзорства додека за истото тромесечие во 2023 година се потрошени 48,785 илјади денари.
Повторно прашуваме, каде отидоа 152,854 илјади денари и за кои спонзорства биле наменети овие финансии, дали за партиска припрема за локалните избори како што е прскса на Дпмне или во нечиј џеб?
Бараме одговорност од градоначалникот Коњановски, локалната самоуправа и новата управа во ЈП Пазари за финансиската катастрофа која ја направи претходниот директор и побегна од одговорноста кон граѓаните!
Покрај нашите укажувања за неквалитетното менаџирање на ова претпријатие, локалната самоуправа немаше слух, за денес, под сомнителни околности да постојат сомнежи за кражби, а со тоа се поблиску е до капитулација ова претпријатие! – велат од Левица.