Дијалог е чарето за минарето на Алипашината џамија во Охрид

Институциите ќе постапат согласно законите и преку дијалог со сите засегнати страни, а имајќи ја во предвид сензитивноста на прашањето, ќе се најдат решенија во интерес на граѓаните на Охрид и на државата која останува посветена на заштита и промоција на богатото културно наследство што го поседува градот Охрид.
И додека премиерот Зоран Заев го изнесе својот став за реконструкцијата на Али Пашината џамија, по средбата со в.д. градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиевски и в.д. директорката на НУ Завод и музеј, Охрид, Елеонора Новаковска со претставници и претседателот на граѓанското здружението „Совест“, Михаил Трендафилов на џамијата и изутринава се извршуваа градежни работи.
“На средбата се разговараше за наследените проблеми за спорната градба без соодветна документација на дел од религиозен објект во центарот на градот и за изнаоѓање на решенија согласно закон, а се разговараше и за аспектите за заштита на културното наследство во градот Охрид кое е од заедничко значење за сите граѓани на Република Северна Македонија“, наведено е во соопштението.