Дијаспора: Тоа што се случува во Македонија е надвор од секаква демократска и парламентарна рационалност

Соопштение на македонската дијаспора
Во вие клучни и решавачки моменти за Македонија, гласот и пораката на македонската дијаспора се неминовни и толку очекувани. Навистина се очекувани поради самиот факт што досега скоро повеќето активности на протести во државата се иницирани и финансиски подржувани токму од неа а и имиџот и е непартиски и македонски.
Со последните парламентарни случувања се здобивме со силен емоционален шок, но и една светлина се појави во расветлувањето на предавничката гарнитура на Македонија. Ударот е голем, шокот исто така, ама во “најтешките моменти се наоѓат јунаците” и оптимизмот мора да превладува.
Бидејќи престојат повеќе фази во уставната промена во собранието, потребно е уште двотретинско мнозинство за усвојување на промените со амандманите и законите. Значи тој процес ќе трае и се остава малку време за наша консолидација и барање солуција за реализирање на нашата македонска цел. По сите европски и светски искуства, легитимноста се црпи од народот и за народот, а пратениците само ја пренесуваат и реализират неговата волја. Тоа што се случува во Македонија е надвор од секаква демократска и парламентарна рационалност, бидејќи се работи по директиви од Калето а не од народот.
Тој што треба да биде водилка на процесите, тој ќе треба и да го покаже својот револт на узурпацијата на неговата волја.
Со еден збор, солуцијата е собирање народ на улица и пред парламент и тоа многу народ. Последните случувања во Романија и Ерменија тоа го и покажаа кога три дена народот пред владата успеа да ги отргне од нивната замисла.
Само тој е легитимен во овој случај знаејќи ја природата на “македонската”политичка корумпирана гарнитура актуелно.
1. Поради ургентноста на ситуацијата, во најкраток рок е неминовно собирање народ кој ќе остане со денови до пад на хунтата и конечна победа . Тоа ќе може да се постигне со обновување на акцијата по примерот на “Македонија бојкотира”, каде скоро 80 организации и повеќе други движења успеа да го мотивираат народот за бојкот на референдумот , наспроти енормната владина и надворешна пропаганда.
2. Иницирање на заеднички состанок на сите овие про македонски сили и здружено и координирано да се поведе народот на улица и бојкот на институциите .
Иницијатор на тоа зближување ќе треба да потикне од страна на про македонските сили како и од дијаспората, како чинител кој неуморно и чисто работи за Македонија без никакви задкулисни игри.
3. Заради успешна реализација на иницијативата, неминовна е првична согласност на сите потписници за основните постулати во одбраната на државата:
– непартиско дејствување и еднаквост во донесувањето на мерките.
– поништување на договорот со Грција;
– Поништување на сите други договори и платформи донесени од сегашнава анти македонска влада;
– пад на истата ова влада и создавање на услови на формирање на привремена техничка влада која ќе ги подготви наредните предвремени парламентарни избори.
Заедничкото прифаќање на предложениве точки е неопходно поради идеолошките разлики на организациите и партиите , кои ќе можат да дојдат до израз во втора етапа и на наредни избори. Се надеваме дека предложената иницијатива која доаѓа во нај критичниот момент за судбината на Македонија и македонскиот народ, ќе биде сестрано прифатена и во нај краток рок и реализирана од страна на сите про македонски сили.
Со почит,
Координативно тело на македонската дијаспора за протести од Европа, Канада и Австралија.
Женева, 27 Октомври 2018.

Loading...