Дневен хороскоп: Интересен ден за Јарецот, Овенот со зголемен апетит

Loading...

ОВЕН
Работa: Вашата нервоза може да внесе проблеми во односот меѓу вас и соработниците. Ситуацијата се комплицира.
Љубов: Верувате во вашиот партнер и уживате кога сте заедно. Ако сте слободни, ќе имате нов додворувач.
Здравје: Зголемен апетит.
БИК
Работа: Пред вас се некои кочници кои нема да успеете лесно да ги надминете. Работното поле не ви е добро поставено.
Љубов: Потрудете се да поминувате повеќе време со саканата личност и да и се посветите.
Здравје: Несвестица и малаксаност.


БЛИЗНАЦИ
Работа: Вашата загриженост за работната стиауција може да се покаже сосема реална. Околностите се отежнати.
Љубов: Средбата со саканата личност би можела да се заврши со караница. Не е поволен денот.
Здравје: Проблеми со циркулација.
РАК
Работа: Ако имате проблеми на ова поле, сега е време сериозно да се соочите со нив.
Љубов: Ќе успеете да ги решите сите дилеми кои ги имате во врската со саканата личност. Пред вас е фаза на важни одлуки.
Здравје: Внесувајте повеќе магнезиум.
ЛАВ
Работа: Неодлучни сте и не ви е лесно да донесете конкретна одлука околу тоа дали да продолжите со работа или не.
Љубов: Иако сметате дека време е вашата врска да се прекине, партнерот ќе пробува да ве убеди во спротивното.
Здравје: Вкочанетост е можна.
ДЕВИЦА
Работа: Постепено ќе остварите она што сте го зацртале. Судбината е на ваша страна.
Љубов: Можно е да не сте сигурни дали личноста која ви се допаѓа го чувствува истото што и вие, па од таа причина чувствувате доста тензии.
Здравје: Избегнувајте алкохол и мрсна храна.
ВАГА
Работа: Не ви е лесно сосема да се снајдете во новонастаната ситуација. Околу вас постојат многу компликации.
Љубов: Ве очекува комуникација со личноста која ќе ви се додворува прилично отворено.
Здравје: Потребен ви е одмор.
ШКОРПИЈА
Работа: Не сте задоволни од работните околности и подготвени сте да ги менувате своите околности.
Љубов: Ако сте во брак, ве очекува период во кој ќе успеете да го поправите односот со саканата личност.
Здравје: Кожата ви е чувствителна.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Не ви е лесно да донесете конечна одлука по прашањето на работа. Имате впечаток дека има многу кочници.
Љубов: Постои личност која ви се допаѓа, но и натаму немате храброст да и пријдете.
Здравје: Чувствителен желудник.
ЈАРЕЦ
Работа: Не е препорачливо денеска да влегувате во нови проекти, ниту било какви ризици.
Љубов: Ве очекува интересен ден. Ќе успеете да остварите позитивна атмосфера со партнерот.
Здравје: Се препорачува да спортувате.
ВОДОЛИЈА
Работа: Можно е да не ви е лесно да ги завршите сите насобрани работни обврски кои чекаат на вас.
Љубов: Партнерот ви е верен и посветен. Вашиот однос може да биде многу квалитетен и во иднина да напредува.
Здравје: Настинка.
РИБИ
Работа: Неопходно е да поработите на комуникацијата со опкружувањето ако сакате генерално подобра ситуација на работа.
Љубов: Можно е саканата личност да покажува дека постојат некои работи кои сметаат во вашата врска.
Здравје: Ќе ви годи масажа и опуштање.

loading...