Добра причина поради која секое утро треба да пиете чаша топла вода со лимон

Loading...

Имате свој ритуал со кој го започнувате денот. За некого тоа е филџан кафе, за некого шолја чај. Е, па, можеби треба нешто да промените. Наместо со кафе започнете го вашиот ден со чаша топла вода со сок од половина лимон. Рецептот е многу едноставен: Чаша топла вода со сок од половина лимон и толку!
Правете го овој ритуал секое утро и вашиот изглед ќе биде многу посвеж!
Овој пијалак значително го подобрува имунолошкиот систем. Лимоните се богати со витамин Ц и калиум. Витаминот Ц е одличен борец против настинки, а калиумот го стимулира мозокот. Организмот лачи повеќе серотинин (хормон на среќа), а го регулира и крвниот притисок.
Ова е клучот за вашето добро здравје, а и помага во губење на тежината. Лимоните помагаат при намалување на апетитот и прават да не размислуваме постојано на храна.
Лимоните се богати со минерали и витамини кои помогаат во борбата против токсините во организмот, а се и природни диуретици. Сокот од лимон исто така помага и при чистење на несаканите супстанции од телото и ја одржува нашата кожа чиста.
Витаминот Ц помага во борбата против акни и брчки. Водата од лимонот ги чисти токсините од крвта,  ја задржува кожата чиста и ја спречува дехидратацијата. А, кога нашето тело е дехидрирано, тоа обично не ги врши правилно своите функции и доведува до стрес, акумулација на токсини, итн …

loading...