Договорена економска соработка со Сао Паоло

Loading...

Соработка во областа на здравството, размена на доктори преку студиски посети, обуки и периодична работа на бразилски доктори во Македонија, и македонски во Бразил, како и трансфер на знаења, методи и техники од областа на здравството, е договорено на средбата на премиерот Никола Груевски, со гувернерот на федералната држава Сао Паоло, Џералдо Хозе Родригес Алкмин Фиљо.Федералната држава Сао Паоло е економски најмоќната држава во Федеративната Република Бразил, а компаниите лоцирани на нејзината територија учествуваат во создавањето на 40 отсто од бруто домашниот производ на Бразил. Градот Сао Паоло е финансиски, економски и индустриски центар на Бразил.Соговорници истакнале силна заложба за унапредување на соработката помеѓу Република Македонија и Сао Паоло, при што посебен акцент беше ставен на економските теми и можноста за економска и трговска соработка, размена и инвестиции, но и соработка на полето на информатичките технологии, во образованието и во здравството.Сметаат дека реализацијата на конкретни теми и проекти ќе биде од големо значење за имплементација на политичката волја за продлабочување на меѓусебните односи.Премиерот Груевски ги истакна реформите кои се спроведуваат во нашата земја и поволностите кои се овозможуваат за реализација на странски директни инвестиции во Република Македонија. Се осврна на најниските трошоци за водење бизнис во Европа кои ги нуди нашата земја, но и на проектите кои се реализираат во образованието, информатиката и администрацијата.Гувернерот Фиљо позитивно ги оцени нашите реформи и поволности и истакна дека ќе го искористи својот авторитет и позиција да ги охрабри компаниите од Сао Паоло да се осврнат кон можностите за ширење на бизнисите и опциите кои ги нуди Македонија, но и истакна дека како федерална државна власт се расположени за соработка и поддршка на нашата земја во повеќе сфери од заемен интерес.Беше договорено во наредниот период да се конкретизира и операционализира соработката во областа на здравството, чија интенција е размена на доктори од двете земји преку студиски посети, обуки и периодична работа на бразилски доктори во Македонија, и македонски во Бразил, како и трансфер на знаења, методи и техники од областа на здравството.Во рамки на средбата беше потпишан Меморандум за соработка во областа на информатичките технологии, кој од македонска страна го потпиша министерот Веле Самак, чија цел е унапредување на можностите за соработка на ниво на администрација во информатиката, реализација на проекти за унапредување на административните услуги, но и создавање на основа за соработка на компании од двете земји на заеднички проекти од оваа област.Двајцата соговорници договорија во текот на идниот период да се разгледаат можностите за дополнителна соработка на конкретни проекти во поедини сфери, за што ќе се дефинираат приоритетните теми кои ќе се разработуваат етапно.Соговорниците разменија мислења за повеќе други прашања и теми од областа на економијата и јавните дејности.
МакфаксСоработка во областа на здравството, размена на доктори преку студиски посети, обуки и периодична работа на бразилски

loading...
Loading...