Додека не бев дома, моето момче се ожени: Анџелина Џоли разделила уште еден познат пар

Loading...

Анџелина Џоли уште од своите први чекори во Холивуд привлекувала посебно внимание на медиумите, како поради приватниот живот така и поради несекојдневната убавина.
Таа била во врски и со мажи и со жени, се мажела три пати, а покрај нејзината бурна врска и брак со Бред Пит до денес најконтроверзна остана нејзината љубов со актерот Били Боб Торнтон.
Тие се венчаа во Лас Вегас на 5 мај 2000 година, само два месеци откако ја почнале врската, а она што го шокирало Холивуд бил фактот дека Били Боб бил свршен со друга жена.
Анџелина и Били Боб се запознале на сет на филмот „Сѐ е под контрола“, додека Џоли била во врска со актерот Тимоти Хатон, а Били Боб бил свршен со актерката Лора Дерн, која оваа година се закити со Оскар.


Како што пишувале американските медиуми и како што самата Џоли признала, Лора била шокирана од веста дека нејзиниот свршеник Били Боб се оженил со помладата колешка поради неверојатната причина: Тој не се ни потрудил да раскине со неа!
– Заминав од нашата куќа да работам на филм, а додека не сум била дома, моето момче се оженило и никогаш повеќе не се слушнавме – открила во едно интервју Лора Дерн, пишува „Glossy“.
– Тоа е како ненадејна смрт. За никого немаше ниту крај ниту објаснување – додала Лора.
Били Боб Торнтон се осврнал на овој скандал во 2001 година, истакнувајќи во разговорот за „Гардијан“.
– Други би можеле да речат: „Ја остави девојката и ожени некоја друга“. Но, тоа мене ме усреќи и усреќи некој друг. Жал ми е што предизвика болка – рекол Били Боб.
Анџелина и Били Боб во 2002 година најавија дека ќе усвојат дете од Камбоџа, но се разделија три месеци подоцна. Анџелина тогаш рече дека одеднаш сфатиле дека и двајцата се промениле, а актерот во една прилика рекол дека секогаш имал чувство дека не е доволно добар за својата сопруга.

loading...