Доказ: Еве кој го спречил Хорхе да прогласи воена состојба вечерта на 27-ми април

Loading...

Текстот го преземаме и пренесуваме во целост затоа што како редакција сметаме дека на оваа тема треба јавноста да биде запознаена со се што се случувало.
ДОБИЛ ТЕЛЕФОНСКИ ПОВИК ОД ШЕФОТ НА АМЕРИКАНСКОТО ВОЕНО РАЗУЗНАВАЊЕ, ГЕНЕРАЛ РОБЕРТ ЕШЛИ КОЈ МУ СЕ ЗАКАНИЛ ДЕКА ЌЕ ЗАВРШИ КАКО СЛОБОДАН МИЛОШЕВИЌ АКО РЕШИ ДА ВОВЕДЕ ВОЕНА СОСТОЈБА!!!
Дознавме дека таа вечер, најбитен телефонски повик што го обавил Хорхе бил со шефот на американското воено разузнавање, кој откако му се преставил кој е, му рекол на смирен тон дека ја гледаат состојбата во Скопје од командниот центар на агенцијата во Вашингтон и дека дознале дека тој има намера да прогласи воена состојба и по што ќе следело воведување диктатура во земјата и апсење на цело раководство на СДСМ и ДУИ. Имале информации дека се спрема етнички конфликт со цел да се оправда тој проект
Генералот му упатил отворена закана на Хорхе дека ако продолжи со тоа сценарио, тој му гарантира лично во името на шефот на Пентагон, генералот Џон Матис дека ќе се погрижи тој и клучните луѓе во ВМРО ДПМНЕ да завршат на меѓународен суд за воени и злосторства против човештвото, слично на она што му се случило на Слободан Милошевиќ.
По овој телефонски повик, Хорхе ги наполнил гаќите и одбил да прогласи воена состојба, со што ги довел до нервен слом братучедите и цел прв ешалон на ВМРО ДПМНЕ кои се надевале во тоа матното да се спасат некако или да избегаат од земјата.
Но тоа не е се. Дознаваме дека телефонскиот повик стигнал многу рано, само 15 минути откако влетале првите насилници во собрание, па генералот Ешли побарал од Хорхе лично да се погрижи преку неговите агенти од Агенција за Разузнавање и воената агенција за разузнавање при АРМ која е под негова контрола, да ги заштити животите на пратениците на СДСМ и ДУИ и Алијанса.
Затоа, на снимките вечерта гледавме како дел од маскираните ги бранат пратениците, па дури и Ацо Тошта, обвинет за обидот за убиство над Села, при крај на настаните стои и ги брани Заев и Џафери. Исто е и со Влатко Ѓорчев кој исто така добил сигнал од Водно дека пратениците треба да се спасат, така наредиле Американците. Затоа и Тодоров и останатите рипнале да ги спасуваат пратениците на СДСМ и ДУИ.
Веројатно и луѓето кои носеа пиштоли и имаа задача да ги убијат Заев, Села и Џафери не се решија да пукаат, не им било дадено зелено светло, сето тоа како последица од повикот на шефот на военото разузнавање на САД или ДИА.
Целиот текст: ДОКАЗ

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...