Доказ: Подготвен законот за амнестија за 27 април, ќе ги опфати само пратениците другите ќе одговарате и за нив

Loading...

Подгрупата за помирување во Собранието составила нацрт-закон за амнестија за неколку дела од 27 април. Како што се дознава, нацртот в понеделник ќе биден разгледан на состанокот на подгрупата, а потоа и од Интерпартиското парламентарно тело за помирување, интеграција и реформиСо предвидените одредби, обвинетите ќе имаат можност да се произнесат дали ја прифаќаат амнестијата или сакаат врз основа на принципот на пресумпција на невиност да продолжи нивното кривично гонење.
Дополнително нацрт-текстот предвидува дека насилниците, нарачателите и организаторите на насилството нема да бидат опфатени со амнестијата. За да не се дојде до ситуација делото „терористичко загрозување на уставниот поредок„ да треба да се преквалификува, подгрупата за помирување планира преку законски механизми да понуди амнестија за постапките, а не конкретно за кривични дела.
Останува нејасен начинот на кој ќе се амнестираат обвинетите додека предметот е во судска постапка и речиси по секое рочиште има нов момент, како тој со поранешниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, кој беше притворен под сомнение за „здружување заради непријателска дејност“, по одбараната на браќата Младеновски. Амнестијата нема да ги опфати ниту оние за кои сега веќе има правосилна пресуда како што е случајот на обид за убиство на Зиадин Села.
Извор: Доказ!

Следете не на Фејсбук. Имаме интересни содржини секој ден, сите не се објавуваат на сајтот!! За 5Г контроверзата ПРОЧИТАЈТЕТУКА.
loading...