Доколку биде втор Металург ќе игра против Ч.Медведи, Атлетико или Динамо

Loading...

Ракометарите на Металург, во недела, против данскиот Силкеборг, ќе го одиграат натпреварот од последното 10.коло, во Ц групата во Лигата на шампиони.Металург е многу блиску до освојувањето на втората позиција во групата, што е најдобар резултатат на еден македонски тим во Лигата на шампиони.Второто место на избраниците на Лино Червар за противник во осмина финалето за противник ќе им го донесе третопласираниот тим од групите А, Б или Д.Во овие три групи работите се јасни, во натпреварите кои се одиграа во четвртокот – Чеховски Медведи-Фленсбург 29:29 во А групата, Савехоф-Цеље 24:29 во Б групата и Динамо Минск-Барселона 28:30 во Д групата.На осмина финалната ждрепка, која ќе се одржи во вторник во Виена, Металург, доколку биде втор во групата, за противник ќе добие една од овие екипи: Чеховски Медведи, Атлетико Мадрид каде настапува Кире Лазаров или Динамо Минск.
МакфаксРакометарите на Металург, во недела, против данскиот Силкеборг, ќе го одиграат натпреварот од последното 10.коло, во Ц

loading...