Доколку купувате половен автомобил бидете внимателни и проверете двапати – на овие автомобили најчесто им ја враќаат километражата

Loading...

Во Велика Британија засега враќањето на поминатите километри кај половните автомобили не е толку честа појава, но затоа во останатиот дел од Европа таквиот случај расте од година на година.
Гледајќи ја историјата на техничките прегледи и споредувајќи ја со поминатите километри, компанијата „Rapid Car Check“ дошла до податоци дека на повеќе од 6 отсто од половните автомобили им е вратена километражата (околу 2.48 милиони примероци).
Возилото на кое што најмногу се враќа километражата во Велика Британија е популарнoто „Vauxhall Opel Combo“.
На дури 13.15 отсто од тие возила утврдени се големи разлики во поминатите километри.
Следни на листата се:


„Ford Transit“ (12.99 отсто), „BMW X5“ (11.71 отсто), „Peugeot 206“ (11.38 отсто), „Ford Transit Connect“ (11.06 отсто), „Fiat Punto“ (10.44 отсто), „Mercedes-Benz Sprinter“ (10.37 отсто), „Renault Clio“ (9.34 отсто) и „Renault Megane“ (8.95 отсто).
Во Велика Британија враќањето на километражата на автомобилите засега е во т.н. сива зона.
Забрането е да се продаваат половни автомобили за кои што се знае дека им е вратена километражата, но не е забрането и враќањето на самата километража.
Меѓутоа, во 2012-та година сепак биле осудени околу 100 граѓани поради таква ситуација.
Враќање на километража – што да се прави?
„Штом воочите дека половниот автомобил има поминато под 160.000 километри, а истиот не е произведен пред две или три години, тогаш треба да знаете дека газдата направил нешто“ – е еден од советите кој што може да се слушне од искусните купувачи и продавачи на половни автомобили.
За некои од марките автомобили постои т.н. ‘електронска историја’, па за само неколку секунди преку компјутер може да се провери дали понудениот автомобил е сервисиран во сосгласност со сервисот и колку приближно километри може да помине врз основа на годината на неговото производство. Тоа особено важи за автомобилите кои што се увезени од Германија.

loading...