Доколку се бричите на овој начин влакната на нозете нема да ви растат толку брзо

Loading...

Доколку и вие сте една од оние девојки која има мака со здодевните влакненца кои се појавуаат ден после бричењето, на вистинското место сте. Постојат неколку едноставни чекори кои ќе ви помогнат да се бричите многу поретко.
Започнете со топла купка која ќе ги прошири вашите пори, а продолжете со наједноставниот пилинг на светот.
Бричењето нозе речиси е секојдневен ритуал на жените кој за многумина претставува кошмар, особено во летните месеци. За ова лето да уживате подолго во прекрасното чувство на мазни нозе, ви ги откриваме петте едноставни трикови кои ќе ви помогнат во тоа. Кога велиме едноставни, навистина го мислиме тоа.


Купка
Доколку сакате вашите влакна да растат поретко, многу е важно да ги избричите што поблиску до коренот. Капењето во топла вода ја омекнува кожата и ги отвора нејзините пори. На тој начин вашите влакна ќе се “ослободат“ па ќе може да ги бричите што поблиску до коренот.
Пилинг
Еден од триковите со кој со бричот ќе се приближите до коренот на влакното е трикот пред бричење да направите пилинг, и тоа многу едноставен. Станува збор за пилинг со морска сол која ќе ги отстрани мртвите ќелии од површината на кожата што го намалува делотворното бричење со жилет. Постапката за нанесување е следна: на мокрите нозе нанесете морска сол и со кружни движења тријте ја кожата.
Пена (гел) за бричење
По купката на нозете нанесете пена или гел за бричење кој ќе ја задржи влагата на кожата и така ќе ви овозможи влакната да ги избричите поблиску до коренот. Освен тоа, пената и гелот за бричење содржат хранливи и смирувачки состојки кои ја хранат и ја смируваат кожата веќе во текот на бричењето.


Најдете го вистинскиот брич
Едноактивните бричови со еден жилет можеби се поволно решение кога сте надвор од дома, но избегнувајте ја таа опција. Освен што ќе ја изиритираат кожата, овие бричови тешко ќе ги отстранат сите влакна па затоа голема е веројатноста дека веќе следниот ден повторно ќе мора да ги бричите вашите нозе.
Правецот на бричење
Доколку имате навика да ги бричите вашите нозе во правец во кој растат влакната, време е да го промените тоа. Правецот на бричење на влакната е многу важен за понатамошниот раст на влакната. Бричењето во спротивна насока од растот на влакната овозможува да се приближите до коренот на влакната и така тие побавно ќе растат.

loading...