Докторот на Марадона обвинет за неговата смрт

Loading...

Човекот кој до последниот ден беше одговорен за здравјето на Диего Марадона, хирургот Леополд Луке се наоѓа под истрага на Обвинителството поради немарност и пропусти во лекувањето на фудбалската легенда.
Истрагата е покрената по сведочењето на ќерките на Марадона, Далма, Џејн и Џанин. Полицијата веднаш извршила рација на две адреси на кои Леополд Луке најчесто бил – во клиниката и во неговиот дом.
Најдоцна утре тој ќе се јави пред судија каде ќе одговара по обвинувањата и евентуалните проппусти во процедурата по отпуштањето од болница, по операцијата на главата на Диего.
На Луке му се ставаат на товар тоа што не ги спровел сите потребни процедури при отпуштањето, а потоа Диего немал ниту брза и адекватна помош кога му се слошило.
Доказ против докторот е и повикот до итната помош, во кој не било напоменато дека се работи конкретно за Диего Марадона, туку за маж на 60-годишна возраст. Докторот ќе мора да одговара и зошто немало 24-часовен лекарски надзор до екс-фудбалерот, зошто во куќата немало адекватни лекови и зошто немало дефибрилатор.

loading...