Доктор Горан од Германија: „Вчера се вакцинирав со трета доза, денеска се тестирав позитивен на Ковид-19“

Loading...

Доктор Горан Трајковски од Скопје, кој работи и живее во Германија, објави дека е позитивен на Ковид-19.
Како што вели Трајковски, ја примил и бустер дозата, односно трета доза вакцина, но сепак откако денеска се почувствувал малаксано и правел тест, дознал дека е позитивен.
Од ризик фактори, д-р Горан откри дека има воспаление на тироидната жлезда односно Хашимото тироидитис, но со оглед на примените вакцини се надева на добар исход.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Dr. Goran Trajkovski (@doktor.goran)


„Кој сака нека честита. Доктор Горан за првпат денеска позитивен за SARS-COV2 (PCR i брз тест). Од ризик фактори имам автоимуна болест(Хашимото тироидитис). Вчера се вакцинирав (3та доза), денеска се осетив малаксано и брзиот тест кој го правиме секој ден на работа излезе позитивен. Потоа и PCR тестот. Ќе видиме каков ќе биде текот на болеста, ќе ве известувам и се надевам на добар исход без последици“, напиша Трајковски на Инстаграм покрај фотографија од позитивниот тест и моментот кога примал вакцина.

loading...
Loading...