Доктор предупредува: „Јајцата не се здрави ако се јадат со овие намирници, еве колку смеете да изедете“

Loading...

Доколку често јадете јајца, тоа може позитивно да влијае на вашето здравје, кога станува збор за зајакнување на имунитетот, слабеење, а тие се многу богати со витамини, минерали и протеини.
Јајцата содржат холестерол, кој, според истражувањата, не може негативно да влијае на нивото на холестерол во организмот, освен доколку се комбинира со некои намирници како што се путер, мајонез и некои месни производи.
„Повеќето здрави луѓе можат да изедат до седум јајца неделно, без зголемен ризик од срцеви заболувања“, вели д-р Франциско Лопез Химанез, од клиниката „Mayo“ и додава дека ако сакате да го намалите ризикот од срцеви заболувања и дијабетес, треба да јадете помалку од седум јајца неделно.
Корелација на јајца и дијабетес


Студија објавена во „The British Journal of Nutrition“, се фокусирала на податоци прибирани речиси 30 години (од 1991-ва до 2019-та година), за речиси 9.000 возрасни лица во Кина, каде случаите на дијабетес постојано се во пораст.
На крајот, истражувачите откриле дека оние кои јадат повеќе од 50 грама дневно – или еквивалентно на јадење едно јајце на ден – имаат зголемен ризик од дијабетес за 60 отсто.
Студијата исто така открила дека корелацијата помеѓу дневната консумација на јајца и дијабетесот е подлабока кај жените отколку кај мажите.

loading...